#: locale=mk ## Tour ### Description tour.description = 360° од изложбата во Даут Пашин Амам, по повод 30 години од творештвото. ### Title tour.name = Решат Амети - 360° Изложба ## Skin ### Button Button_6B3517BB_64A6_3EE4_41D7_49868CE9F7A9.label = Рецензија Button_6B3517BB_64A6_3EE4_41D7_49868CE9F7A9_mobile.label = Рецензија Button_6B3DCC00_647A_DF9A_41D5_DC120403F72A.label = 360º VIEWS Button_6B3DCC00_647A_DF9A_41D5_DC120403F72A_mobile.label = 360º VIEWS Button_727E644B_7DD2_675A_41A5_E1B24D4186E2.label = GO TO BUY Button_748008CC_648F_B8AA_41C2_97E5C5DE0CD2.label = Изложба Button_748008CC_648F_B8AA_41C2_97E5C5DE0CD2_mobile.label = Изложба Button_750C11A1_648F_A89A_41C9_2E58278A81A6.label = Автор Button_750C11A1_648F_A89A_41C9_2E58278A81A6_mobile.label = Автор Button_C984CC8A_D461_129C_41D0_6CE5D5DB0F48.label = GO TO BUY Button_CA2E9D5B_D461_13BC_41D3_D780A454E61B.label = GO TO BUY Button_CB8D7E8D_D750_325F_41E9_3D3FF809CA69.label = ВЛЕЗ Button_CB8D7E8D_D750_325F_41E9_3D3FF809CA69_mobile.label = ВЛЕЗ ### Multiline Text HTMLText_6BDD8039_64A6_31E4_41D7_D3C38C6C69F2.html =
РЕШАТ АМЕТИ
30 години уметност
HTMLText_6BDD8039_64A6_31E4_41D7_D3C38C6C69F2_mobile.html =
РЕШАТ АМЕТИ
30 ГОДИНИ УМЕТНОСТ
HTMLText_727E544B_7DD2_675A_41D7_B13EDAF14E19.html =
Решат Амети
Роден на 16.5.1964 во Гостивар, Република Македонија

Завршил Средно уметничко училиште во Скопје (1980-1984). Од 1984 до1988 студирал и завршил на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Ана Темкова. Постдипломски студии завршил на Факултетот за уметности во Приштина, во класата на Реџеп Фери (2000-2002).

Тековно работи како професор по сликарство на Факултет за уметности во „Државниот универзитет во Тетово“, Тетово

Добитник е на повеќе награди од кои една од најзначајните е Награда „11 Октомври“ за животно дело во уметноста и културата доделено од Министерство за култура на Република Македонија, 2013 година.

Од 1990 година кога за прв пат самостојно изложува во изминатите триесет години реализирал десетици самостојни изложби на сите континенти низ целиот свет, од кои се издвојуваат Музеј МИМАРА, Загреб, 2017; Национална галерија, Скопје, 2017; Музеј за убавите уметности „Сонгжуанг, Пекинг, 2016; Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2016; Музеј “Steglitz”, Берлин, 2015 итн.

Учесник е на над 200 групни меѓународни изложби во Њујорк, Париз, Стразбур, Виена, Пасау, Анкара, Едирне, Рим, Бостон, Дижон, Трст, Софија, Варшава, Горица, Улцињ, Тирана, Валона, Поградец, Приштина, Гњилане, Сува Река...

Учествувал на многу домашни и меѓународни симпозиуми и уметнички колонии.

Неговите дела се наоѓаат во колекциите на национални музеи, галерии и институции. Исто така неговите уметнички дела се во сопственост на приватни уметнички колекционери, како и на познати личности, добитници на Нобеловата награда, познати светски писатели, претседатели на држави...

За неговото творештво објавени се повеќе монографии и каталози, а застапен е во повеќе книги и монографии за современата уметност.
HTMLText_7DE3759A_6911_E2E0_41A7_C2659986BA1F.html =
Решат Амети
Роден на 16.5.1964 во Гостивар,
Република Македонија

HTMLText_C25C79C7_D42F_3294_41DF_5A2A603DC580.html =
ЗА ТВОРЕШТВОТО НА РЕШАТ АМЕТИ

Многу творци на овие простори во изминатите години по демократизацијата на општеството, во духот на новите консталации се издигнаа на светски ранг. Меѓу оние, кои го заслужуваат епитетот на сликар од светски калибар се вбројува и Решат Амети. Овој автор и е добро познат на ликовната јавност. Неговиот развоен пат го следиме веќе 30 години на нашата ликовна сцена и оттука можеме да констатираме дека тој не е едноставно само сликар кој преку потегот на платното ја доловува својата имагинација, фигурите и објектите, туку тој воедно израсна и во личност која облагородува со својот однос кон уметноста, уметничките дела, обраќајќи им се на младите, односно неговите студенти, секогаш, како вистински алтруист, оптимистичен и насмеан. Неговата специфична насмевка е всушност рефлексија на неговото творештво, во кое доминира хуманоста, надежта, оптимизмот, мирот, светлината односно светлосната рајска убавина, доловена преку своевидна карактеристична апстракција, геометриска, лирски идилична, можеби многу повеќе метафизичка. Ваквиот пристап е карактеристичен и препознатлив во сите фази од неговото творештво, мотивирајќи го да создаде дела со дифузија на светлината која носи духовен мир кој ја смирува и култивира душата до бесконечност. Тоа впрочем ја прави неговата уметност да биде извонредна и посебна. Со овој естетски „багаж“, со тој „nur“, односно магичната светлина во неговите дела, тој неминовно чекори кон новите предизвици во своето сликарство премостувајќи го елегантно својот опус од првата до втората и од втората во третата фаза на творештвото, оставајќи зад себе извонредни дела.

Решат Амети е типичен, но впечатлив апстрактен експресионист. Иако во неговите дела има кубизам и футуризам, всушност водечка е пред се неговата опсесија со апстрактното, која постепено се претвора во занес со кристално јасни геометриски форми кои во игра со светлината стануваат доминантни и препознатливи елементи на неговите дела. Низ апстрактните блесоци на таа дисперзирана светлината тој геометриски ги решава своите апстрактни форми од кои се раѓа карактеристичен метафизички обоен простор во кој пловат некогаш препознатливи, а некогаш насетени космички елементи, ѕвезди и други небесни тела кои во неговата имагинација ги крунисуваат животот и надежта. Неговата уникатност е токму во карактеристичното апстрахирање на стварноста. При тоа, оваа карактеристична за него апстракција воедно станува и негова реалност, а неговата фантазија е извор на специфична креативност, како што вели за одредени сликари на апстрактната уметност германскиот филолог и романист Хуго Фридрих. Неговата креативност е изразена низ 4-те столбови на неговото творештво во изминатите 3 децении, а тие се геометризмот, лирската апстракција, светлината и традицијата. Улогата на геометризмот, лирската апстракција и светлината се поевидентни во неговото творештво, но и традицијата исто така е мошне присутна во сите негови тематски дискурси и тоа како насушна потреба, која претставува неизбежна мотивација и дава душа во целиот негов опус. При тоа, елементите од традицијата се изразени со орнаменти, поинаку закачени „килими“ на платно и многу други вредности од нашето културно богатство кои се препознатливи во нашето секојдневие.

Но, Решат Амети останува препознатлив со магичната светлина во неговите платна кои зборуваат за внатрешните состојби, за дамарите на душата кои тежнеат кон идеалот на убавината, која восприемачот треба да ја впие во себе за да ја почувствува величенственоста на таа светлина.

Неговата уметност е апсорпција на светлината што тој ја испраќа, која енергетски лекува, храни, грее и ги ослободува душите. Решат нашите души ги култуивира, ги облагородува со светлина. Неговиот апстрактен хуманизам, испреплетува и космички спојува, преку тонирањето на емоциите.

Tој не конектира со своите светлосни снопови, вртлози и плисоци...Со сите тие директни и истовремено суптилни дразби, како да си поставил мисија да ги запали кандилата на душите, да ни ги отвори пазувите под кои белите гулаби го чекаат летот кон својата слобода, која е бескрајна во времето и просторот, како што е бескрајна во неговата имагинација.

Мајсторски ги слика изворите и врутоците на сите форми на светлината, елегантно и драматично, како што водопадите ги делат клисурите со својот отмен пад, итајќи кон драматичен судир, каде што белиот облак е експлозија од водена прашина во која се судираат божилаци.

Тој создава своја космичка еуфорија, во тој антагонистички судир на синото и црвеното, каде што се раѓа конфликтот истовремено се врзува и љубовта.

Неговите апстракции се магични, магнетно привлечни, хипнотизирачки. Сликите се врежуваат во свеста на оној што ги гледа. Тој мирен хаос, пренесен на платно, во центарот на композицијата, најчесто раѓа судир на поларизирани енергии или плисок на бои, чуства, мириси и евокации на далечни спомени. Тие молскавични креации како низ блиц – светла, не фрлаат во флешовите кон сеќавањата на некои емоционални длабоки состојби. Црвеното и синото на Решат, се сакаат, се привлекуваат, се борат и се опираат. Во неговите слики врие создавањето на животот.

Таа убава мешавина на илузии е коктел од енергетски немир во просторната хармонија, каде неговиот сликарски потег е дразба која не инспирира да ги голтаме со очите тие убави и силни експресии кои возбудуваат.

Во тој галоп на бои низ кој се натпреварува антагонизмот и се тријат силите кои прскаат светлина и сеат звезди, се препознаваат скротени енергии, диви коњи чија фуриозност е зауздана. А, во сета таа сила, човекот ја култивира природата која му дозволува да го скроти нејзиното неконтролирано буење, да ја насочи и уреди, да ја смири.

Сликите на Решат Амети имаат на моменти толку силни удари што ѕвездостуваат во апстрактот, тресокот е толку силен, молскавичен, како искра меѓу ударот на чеканот врз наковалната. Неговите бои можеме да ги чуеме, крикот e толку гласен, ечи во просторот, а нијансите околу бојното поле се мирни и аурористични.

Кај Решат во таа прашина, бездна или амбис е атрибуирана утробата која положила, родила, или му дала на мегданот на космичкото постоење, судбоносно битие, клетка, свест... Ако животот е енергија, а енергијата аура, која зрачи околу телото како медиум меѓу кожата и просторот, за Решат таа аура има боја. И токму неа ја восприемаме како топла, црвена, портокалова, жолта, пурпурна, или сина, зелена како мирно поле или тензична како жилав бршлен.

И секогаш, тој препознатлив судир на Решат, блеска и расфрла светлина.
Во композициите често во средина е апстрахираното огниште, жарот од кој се раѓа Фениксот, а зародишот е контуриран пламен јазик, кој некаде тлее, некаде вивнува.

Во сликите на овој „господар на боите и платната“ мошне впечатливи се вртлозите. Тие се енергетски циклони кои витлеат и асорбираат души, разлетани солзи, извици, шлаканици и бакнежи, кои како да се свиле или слободно гравитираат околу структурниот синџир на ДНК која во себе го носи кодот на животот. Овие негови „златни пресеци“ се толку аналогни на оние на „природата“.

Некои се пејсажи во кои провејува гоеметриски фолклор кој ако се оддалечите и ако го имагинирате ќе го најдете некаде во некоја реминисценција на бледите сеќавања од детството, младоста или специјалните средби, контурирани во пастелни спомени на некој познат дом, огниште, куќа, праг или килим со добро позната орнаментика.

Во некои од сликите како да е ширум отворена Пандорината кутија од која излегуваат змејови, вонземски сили, ветришта и фурии...Но зошто да ги затвориме тајните на светот, кога може слободно да летаат низ вентилот на космосот бидејќи и тие, како впрочем и светлината се творештво на Создателот, на Свевишниот Господ. Решат е смел. Секоја слика е хаос и космос, зад затворена врата или прозорец кој тој со својата визија и сочуство со концептот на природата, постоењето и тајните на светот, едноставно го отворил и обоил.

Во сето тоа антагонистичко танго на синиот и црвениот образ на овој наш дуалистички принцип на постоење, Решат препознал облици, форми и емоции кои одлучил да не ги дефинира, туку да ги апстрахира, останувајќи сепак близок на мистиката и метафизиката... Тој со својата четка ги калеми можните алтернативи на визионирање, остава отворена перцепција за секој кој сака да наоѓа и препознава, тонирани емоционални состојби.

Уметноста на Решат Амети не е во вистинска смисла на зборот негација на материјалното, па да ја насловиме како апстрактна. Имено, во неговата апстрактност се кријат многу јаснотии, раскошни фигури, облици, објекти кои тој беспрекорно со прецизност ги создава и кои асоцираат на форми од реалниот материјален свет. Токму, токму ваквиот рафиниран стил го прави Решат Амети уникатен во сите негови фази. За неговиот опус и неговата преокупација со светлината, која е пред се метафизика, академикот Луан Старова вели: „Сликар кој воден од врутокот на медитеранските зраци и од нивното прекршување во драмата на животот, на геометриската светлост, на задржаноста на духовното, на интелектуалното, ја гради од слика во слика од циклус во циклус, својата сликарска поетика“.

Светлоста и оптимизмот, лирската геометрија и традицијата во неговото 30 годишно творештво се поклонуваат пред големиот збор –УМЕТНОСТ.

Бехиџудин Шехапи
историчар на уметноста
HTMLText_C9857C89_D461_129C_41D8_F10DDC602C37.html =

Во некои од сликите како да е ширум отворена Пандорината кутија од која излегуваат змејови, вонземски сили, ветришта и фурии... Но зошто да ги затвориме тајните на светот, кога може слободно да летаат низ вентилот на космосот бидејќи и тие, како впрочем и светлината се творештво на Создателот, на Свевишниот Господ. Решат е смел. Секоја слика е хаос и космос, зад затворена врата или прозорец кој тој со својата визија и сочуство со концептот на природата, постоењето и тајните на светот, едноставно го отворил и обоил.

Во сето тоа антагонистичко танго на синиот и црвениот образ на овој наш дуалистички принцип на постоење, Решат препознал облици, форми и емоции кои одлучил да не ги дефинира, туку да ги апстрахира, останувајќи сепак близок на мистиката и метафизиката... Тој со својата четка ги калеми можните алтернативи на визионирање, остава отворена перцепција за секој кој сака да наоѓа и препознава, тонирани емоционални состојби.

Уметноста на Решат Амети не е во вистинска смисла на зборот негација на материјалното, па да ја насловиме како апстрактна. Имено, во неговата апстрактност се кријат многу јаснотии, раскошни фигури, облици, објекти кои тој беспрекорно со прецизност ги создава и кои асоцираат на форми од реалниот материјален свет. Токму, токму ваквиот рафиниран стил го прави Решат Амети уникатен во сите негови фази. За неговиот опус и неговата преокупација со светлината, која е пред се метафизика, академикот Луан Старова вели: „Сликар кој воден од врутокот на медитеранските зраци и од нивното прекршување во драмата на животот, на геометриската светлост, на задржаноста на духовното, на интелектуалното, ја гради од слика во слика од циклус во циклус, својата сликарска поетика“.

Светлоста и оптимизмот, лирската геометрија и традицијата во неговото 30 годишно творештво се поклонуваат пред големиот збор – УМЕТНОСТ.

Бехиџудин Шехапи
историчар на уметноста
HTMLText_CA2E1D5A_D461_13BC_41D9_839C9DAE039E.html =
30 ГОДИНИ УМЕТНОСТ
Даут пашин амам,
октомври 2020

Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Решат Амети сериозно се наметна со своите изложби во македонскиот, а во годините потоа и во глобалниот ликовен простор со своите истражувања во сферата на сликарскиот израз, каде публиката и критичарите забележаа дека неговите дела содржат нешто посебно во изразот и дека е можно да се насетат големи уметнички достигнувања кои што во иднина ќе следат (всушност својата прва изложба ја има во Виена во 1990 година, така што овој процес може да се каже дека е инверзен).

Триесет години подоцна тезата за исклучителноста и посебноста на сликарскиот ракопис се потврди преку бројните студиозно профилирани изложби во кои постепено се градела идејата на уметниковата врска со исконските елементи на животот и природата од неговото опкружување. Уште од најраните дела, кои ги карактеризира геометризмот, апстрактноста, минимализмот и редуцираната знаковност, прочистениот вокабулар и лишеност од секој одвишен детаљ во третманот на сликата, се насетува „избрусен“ ликовен израз кој може да биде сватен како продукт на авторовата воздржана но софистицирана фокусираност на потенцирање на суштината на нештата, беспрекорност во реализацијата, а над се со вонредно чувство и познавање на својствата на боите. Тој во осцилирањето помеѓу префинетата сликарска содржина која содржи повторување, но во основа слоевита разноличност доживеана интуитивно, со чувство за рамнотежа помеѓу елементите и повеќезначноста, до денес изградил специфичен и за нашата ликовна сцена автохтон ликовен јазик.

Творештвото на Амети е рамнотежа помеѓу формата и претставноста каде во апстрактните идеи како што се обоените плохи, линии, квадрати, кругови, триаголници итн, може да се прочита принципот по кој во неговите дела се препознаваат клучните постулати во доживувањето на устројството на светот.

Искуствата и промислувањата за сопственото потекло и припадност во одреден историски контекст дефинирани со аурата на genius loci, поттикнати се со размислувањата и импресиите на чија основа може да се разберат релациите кон изворниот, архетипскиот јазик. Тој верува во внатрешната чистина која е отсликана во едноставни облици и силна енергија со која делата зрачат, обликувани преку сведеноста на изразот во духот на филозофијата на зенот.

Оваа сликовност која ги оживува духовната состојба на исконската човекова загледаност во себе и сопственото место во космичкото беспатие и прикриена драматичност, својствена за авторовата личност која го чувствува пулсирањето и промените во природата, а индиректно и во општеството, се враќа на праизворот на нештата, на релациите помеѓу индивидуата и борбата, кои животот на секој од нас го чинат единствен. Суштински, животните принципи на светлината и нејзината пробивност во стварната или симболичката визуелна семантика се спротиставени или соединети во целина која во својата единственост и силна енергија го привлекува погледот и повикува на преиспитување на сопствените визии за светот.

Амети делото го доживува во текот на сликањето. Тој во исто време обојува, црта, слика, визуелизира и приказот не го предава во неговата дескриптивност, туку низ сопствената перцепција. Динамиката и тензијата се одраз на самата композиција во комбинација на промисленоста и внатрешните состојби и расположенија. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива гестикулативна експлозивност и потполна слобода на торжествено зрачење. Сликарската техника му овозможува изразни можности со кои добива посебни пиктурални структури. Визуелното станува фиксирано со нашиот поглед, а околу него се наоѓа „зоната која што не ја гледаме, а која, сепак ја гледаме во индиректното и делумното на првиот поглед...“ и е негов интегрален дел, а без кој доживувањето не е целосно, Сето ова може да се искаже во духот на теоријата на гешталтот по која човечкото око ги гледа објектите во целост пред да ги воочи детаљите и сугерира дека целината е поголема од збирот на детаљите.

Амети со својата ликовна лексика говори за внатрешниот импулс и надворешната експресија. Неговитеите дела сведочат за творечката енергија како слика на неговиот сензибилитет, додека возвишеното својата форма ја манифестира во ритуалот на сликањето преку динамиката на потегот, бојата, формата, светлината...

Смелоста што Решат Амети ни ја покажува со своето сликарство е резултат на потребата за визуелизирање на спознанието/знаењето (knowledge, episteme), неговата постојана воља, насоченост и намера за стекнување и толкување на сознанието и изведба на спознанието во специфичните контексти на уметноста. Концептот на неговото творештво има епистемолошки карактер, еден вид теоретизација на знаењето за уметноста и за начините на кои знаењето „за“ и „во“ уметноста се изведува во конкретни услови и околности, т.е. анализа и алегориска претстава на теоријата на уметноста како непресушна ликовна тема.

Решат Амети преку неговите дела ги пренесува сопствените кодирани пораки кои извираат од наследството на универзалните уметнички супстрати со нагласена лиричност, експресија, мелодичност и поетичност во доживувањето и се визуелна поезија и музика кои во перцепирањето на неговото творештво отвораат енигматски простори чие дефинирање има бројни толкувања и интерпретации, зависно од сознанијата на набљудувачот и искуствените парадигми.

Горанчо Ѓорѓиевски
октомври 2020, Скопје
HTMLText_CDA5DACE_D751_D3DD_41C6_47858BD69F32.html =
ДОБРОДОЈДОВТЕ

НА 360° ВИЗУЕЛНА ИЗЛОЖБА
НА СЛИКАРОТ РЕШАТ АМЕТИ

која беше поставена во Даут Пашин Амам
во периодот октомври-декември 2020 година

Се надеваме дека ќе уживате.
HTMLText_CDA5DACE_D751_D3DD_41C6_47858BD69F32_mobile.html =
ДОБРОДОЈДОВТЕ

НА 360° ВИЗУЕЛНА ИЗЛОЖБА
НА СЛИКАРОТ
РЕШАТ АМЕТИ

која беше поставена
во Даут Пашин Амам
во периодот
октомври-декември
2020 година

Се надеваме дека ќе уживате.
HTMLText_DC574E11_D3E3_118C_41DB_4CB0717BEBFF.html =
30 ГОДИНИ УМЕТНОСТ
Даут пашин амам, октомври 2020

Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Решат Амети сериозно се наметна со своите изложби во македонскиот, а во годините потоа и во глобалниот ликовен простор со своите истражувања во сферата на сликарскиот израз, каде публиката и критичарите забележаа дека неговите дела содржат нешто посебно во изразот и дека е можно да се насетат големи уметнички достигнувања кои што во иднина ќе следат (всушност својата прва изложба ја има во Виена во 1990 година, така што овој процес може да се каже дека е инверзен).

Триесет години подоцна тезата за исклучителноста и посебноста на сликарскиот ракопис се потврди преку бројните студиозно профилирани изложби во кои постепено се градела идејата на уметниковата врска со исконските елементи на животот и природата од неговото опкружување. Уште од најраните дела, кои ги карактеризира геометризмот, апстрактноста, минимализмот и редуцираната знаковност, прочистениот вокабулар и лишеност од секој одвишен детаљ во третманот на сликата, се насетува „избрусен“ ликовен израз кој може да биде сватен како продукт на авторовата воздржана но софистицирана фокусираност на потенцирање на суштината на нештата, беспрекорност во реализацијата, а над се со вонредно чувство и познавање на својствата на боите. Тој во осцилирањето помеѓу префинетата сликарска содржина која содржи повторување, но во основа слоевита разноличност доживеана интуитивно, со чувство за рамнотежа помеѓу елементите и повеќезначноста, до денес изградил специфичен и за нашата ликовна сцена автохтон ликовен јазик.

Творештвото на Амети е рамнотежа помеѓу формата и претставноста каде во апстрактните идеи како што се обоените плохи, линии, квадрати, кругови, триаголници итн, може да се прочита принципот по кој во неговите дела се препознаваат клучните постулати во доживувањето на устројството на светот. Искуствата и промислувањата за сопственото потекло и припадност во одреден историски контекст дефинирани со аурата на genius loci, поттикнати се со размислувањата и импресиите на чија основа може да се разберат релациите кон изворниот, архетипскиот јазик. Тој верува во внатрешната чистина која е отсликана во едноставни облици и силна енергија со која делата зрачат, обликувани преку сведеноста на изразот во духот на филозофијата на зенот.

Оваа сликовност која ги оживува духовната состојба на исконската човекова загледаност во себе и сопственото место во космичкото беспатие и прикриена драматичност, својствена за авторовата личност која го чувствува пулсирањето и промените во природата, а индиректно и во општеството, се враќа на праизворот на нештата, на релациите помеѓу индивидуата и борбата, кои животот на секој од нас го чинат единствен. Суштински, животните принципи на светлината и нејзината пробивност во стварната или симболичката визуелна семантика се спротиставени или соединети во целина која во својата единственост и силна енергија го привлекува погледот и повикува на преиспитување на сопствените визии за светот.

Амети делото го доживува во текот на сликањето. Тој во исто време обојува, црта, слика, визуелизира и приказот не го предава во неговата дескриптивност, туку низ сопствената перцепција. Динамиката и тензијата се одраз на самата композиција во комбинација на промисленоста и внатрешните состојби и расположенија. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива гестикулативна експлозивност и потполна слобода на торжествено зрачење. Сликарската техника му овозможува изразни можности со кои добива посебни пиктурални структури. Визуелното станува фиксирано со нашиот поглед, а околу него се наоѓа „зоната која што не ја гледаме, а која, сепак ја гледаме во индиректното и делумното на првиот поглед...“ и е негов интегрален дел, а без кој доживувањето не е целосно, Сето ова може да се искаже во духот на теоријата на гешталтот по која човечкото око ги гледа објектите во целост пред да ги воочи детаљите и сугерира дека целината е поголема од збирот на детаљите.

Амети со својата ликовна лексика говори за внатрешниот импулс и надворешната експресија. Неговитеите дела сведочат за творечката енергија како слика на неговиот сензибилитет, додека возвишеното својата форма ја манифестира во ритуалот на сликањето преку динамиката на потегот, бојата, формата, светлината...

Смелоста што Решат Амети ни ја покажува со своето сликарство е резултат на потребата за визуелизирање на спознанието/знаењето (knowledge, episteme), неговата постојана воља, насоченост и намера за стекнување и толкување на сознанието и изведба на спознанието во специфичните контексти на уметноста. Концептот на неговото творештво има епистемолошки карактер, еден вид теоретизација на знаењето за уметноста и за начините на кои знаењето „за“ и „во“ уметноста се изведува во конкретни услови и околности, т.е. анализа и алегориска претстава на теоријата на уметноста како непресушна ликовна тема.

Решат Амети преку неговите дела ги пренесува сопствените кодирани пораки кои извираат од наследството на универзалните уметнички супстрати со нагласена лиричност, експресија, мелодичност и поетичност во доживувањето и се визуелна поезија и музика кои во перцепирањето на неговото творештво отвораат енигматски простори чие дефинирање има бројни толкувања и интерпретации, зависно од сознанијата на набљудувачот и искуствените парадигми.

Горанчо Ѓорѓиевски
октомври 2020, Скопје
HTMLText_EE16C1F5_E17C_31C3_41C4_1C35BE048C91.html =
ИМПРЕСУМ

Решат Амети
30 Години уметност

Даут пашин амам, декември 2020

360° Виртуелна презентација:
Бојан Тренчевски
www.trench-mk.com
070 338747

Нарачател:
НУ Национална галерија на Република Северна Македонија
Железничка 18, 1000 Скопје
Тел.: + 389 (0)2 31 26 856;
Факс: + 389 (0)2 31 09 566
www.nationalgallery.mk;
contact@nationalgallery.mk

За нарачателот:
д-р Дита Старова Ќерими, директор

Кустос:
Горанчо Ѓорѓиевски

Кустос соработник:
Александра Зиновски-Вилиќ

Текст:
Бехиџудин Шехапи,
Горанчо Ѓорѓиевски

Превод на англиски и албански:
Фјола Златку

Фотографии:
Игор Василев

Лектура:
Фјола Златку

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија
HTMLText_EE16C1F5_E17C_31C3_41C4_1C35BE048C91_mobile.html =

### Label Label_CB62A65F_D750_52FA_41E4_137A2253059A.text = ИЛИ Label_CC27068D_D770_525E_41C2_921D557F452E.text = Начин на движење! Label_CC27068D_D770_525E_41C2_921D557F452E_mobile.text = Начин на движење! ### Tooltip IconButton_4DA140D1_6F64_CD55_41D8_248F0134361A.toolTip = Споделете на Вашата Facebook страна! ## Media ### Title album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121.label = Photo Album album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_0.label = 8082 Energy, 2018, oil on canvas, 50 x 50 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_1.label = 8085 Centar i margina 9, 2015, maslo na platno, 160 h 160 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_2.label = 8099 Svetlost 18 1, 2018, , 100 h 90 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_3.label = 8116 201516, 90 h 70 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_4.label = 8185 Nedefiniran son. 2016, maslo na platno, 100 h 80 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_5.label = 8196 Magicen kvadrat, 2007, kombinirana tehnika, 114 h 100 sm album_DC8C66CD_D3E0_FE94_41E8_58E13D3CA121_6.label = 8267 Piramida, 2006, kombinirana tehnika, 130 x 220 sm panorama_89020DE5_AA0E_F4DB_41BC_7B9A957F7C9E.label = Resad02 panorama_B53245DE_A4DF_045E_41D2_9C5AD738C825.label = Resad08 panorama_B5326339_A4DF_FDE2_41CB_4F1EB0438DE2.label = Resad06 panorama_B535553D_A4D3_05E2_41DB_4A88E6D09145.label = Resad39 panorama_B53562D2_A4DF_1CA6_41CB_1102659DFAA9.label = Resad05 panorama_B53567CF_A4D3_04BE_41CD_E58339BA05DE.label = Resad41 panorama_B5357FD3_A4D3_04A5_41D4_DD74FEFBC6B0.label = Resad33 panorama_B53582AC_A4D3_3CE2_41D1_22E064F609C9.label = Resad36 panorama_B5358C10_A4DF_0BA3_41D3_74624D6CACC8.label = Resad13 panorama_B5359492_A4DF_04A6_41C5_3CFF98603266.label = Resad07 panorama_B535A1F1_A4D3_1C65_41D3_2BE08CE68805.label = Resad35 panorama_B535A98E_A4DF_0CBE_41C8_B1F222FEE409.label = Resad11 panorama_B535B6B0_A4D3_04E2_41D1_D794BFFA4512.label = Resad40 panorama_B535BADF_A4DF_0C5E_41CA_6ABB0EAFC763.label = Resad12 panorama_B535D32F_A4D3_1DFE_41DA_853C4835F93B.label = Resad37 panorama_B535E40D_A4D3_7BA2_41D2_6DD52E2CEBDA.label = Resad38 panorama_B535E70D_A4DF_05A2_41E3_8EF949141422.label = Resad09 panorama_B535E84D_A4DF_0BA2_41D1_B7C19131DD15.label = Resad10 panorama_B5368D56_A4DD_05AE_41AA_0F6E4B54F0BC.label = Resad16 panorama_B536975D_A4D3_05A2_41DD_056A4FDE3F13.label = Resad30 panorama_B5369CCC_A4D3_04A2_41B8_F2AF79EEB3AC.label = Resad32 panorama_B5369CDB_A4DD_04A6_41D5_544801D994A3.label = Resad14 panorama_B5369EBC_A4D3_04E2_41E2_931CB26BF8CD.label = Resad28 panorama_B536A9B9_A4D3_0CE2_41E1_3FB49760CE4C.label = Resad31 panorama_B536CE45_A4DD_07AD_41D1_E7B46C5DC880.label = Resad17 panorama_B536DD98_A4DD_04A2_41D3_D07851D5959E.label = Resad15 panorama_B536E2BA_A4D3_3CE6_41E4_3FC4E10A66F5.label = Resad29 panorama_B536FF01_A4DD_05A2_41E1_F896C1FF9061.label = Resad18 panorama_B5374084_A4DD_3CA2_41E0_8CDEAABA3A13.label = Resad19 panorama_B5375D49_A4DD_05A5_41E0_12C81B6CD0A4.label = Resad27 panorama_B5376BBE_A4DD_0CDE_41D1_29BA7C4FDC89.label = Resad25 panorama_B53794BC_A4DD_04E2_41DC_CE0B96D9FE4F.label = Resad22 panorama_B537B2C5_A4DD_FCA2_41A9_69D6C38BC99B.label = Resad21 panorama_B537BFDD_A4DD_04A2_41D4_79701F114C2D.label = Resad26 panorama_B537E846_A4DD_0BAE_41E4_A724B6C66AFA.label = Resad24 panorama_B537F6D3_A4DD_04A6_41E2_909141E4F0A5.label = Resad23 panorama_F8FE3BF1_D4E1_168C_41DB_67786CE95B47.label = Resad04 panorama_F9B533EF_D4E1_1694_41E3_301FD8A8CFB8.label = Resad03 panorama_FB17C45F_D427_11B4_41D9_480A6CCF83EA.label = Resad34 video_FB0E293C_D4EF_13F4_41E0_8E48AE69AC5C.label = Resat so prevod ## Hotspot ### Tooltip HotspotPanoramaOverlayArea_8116B9FB_AA1E_BCAF_41D8_4CE3BE12CB4B.toolTip = Магичен триаголник, 2007, масло на платно, 130 x 162 см HotspotPanoramaOverlayArea_81293985_AA05_BD5B_41E0_809260B16FB4.toolTip = Од традицијата, 2006, комбинирана техника, 146 x 114 см HotspotPanoramaOverlayArea_812FD8E6_AA02_DCD9_41D4_4B3FC264EAFA.toolTip = Слободна композиција 2 19, 2019, масло на платно, 100 x 90 см HotspotPanoramaOverlayArea_813AA26A_AA06_EFA9_41B5_513BE0393DBE.toolTip = Од традицијата 6 18, 2018, масло на платно, 100 x 90 см HotspotPanoramaOverlayArea_814CDA61_AA0E_5FDB_41D3_374E64493D25.toolTip = Од традицијата 15 10, 2015, масло на платно, 79 x 59 см HotspotPanoramaOverlayArea_815FCF6F_AA02_B5A7_41D0_BEA5DE419EC8.toolTip = Магичен триаголник 4 06, 2006, масло на платно, 130 x 114 см HotspotPanoramaOverlayArea_81A13B81_AA02_5D5B_41D3_BA61172C0694.toolTip = Енигма, 1997, комбинирана техника, 100 x 110 см HotspotPanoramaOverlayArea_81DACA17_AA05_BF67_41E2_43442CEF4219.toolTip = Композиција VI, 1998, масло на платно, 100 x 100 см HotspotPanoramaOverlayArea_826CD8A9_AA06_7CAB_41DF_E5B7466E3695.toolTip = Модификација, VII, 1999, комбинирана техника, 100 x 125 см HotspotPanoramaOverlayArea_840D3136_AA06_ADB9_41C1_D49319D0F5B1.toolTip = Пробив на светлината 10 18, 2018, масло на платно, 146 x 114 см HotspotPanoramaOverlayArea_84439456_AA0E_ABF9_41BF_5C4E159AF64A.toolTip = Случка. 1997, масло на платно, 101 x 97 см HotspotPanoramaOverlayArea_84D5A5F8_AA06_74A9_41D4_A7C7F8A89259.toolTip = Од традицијата, 2006, комбинирана техника, 146 x 114 см HotspotPanoramaOverlayArea_85B8790E_AA7F_BD69_41D3_181C116AB39A.toolTip = Пробив на светлината 15 19, 2019, масло на платно, 110 x 240 см HotspotPanoramaOverlayArea_86109E25_AA0E_D75B_41DA_8D7A1EAC74D8.toolTip = Енигма, 2005, комбинирана техника, 102 x 130 см HotspotPanoramaOverlayArea_861A74B7_AA05_D4A7_41D1_C11E394C0EBC.toolTip = Од традицијата, 2018, масло на платно, 200 x 140 см HotspotPanoramaOverlayArea_8650BFAA_AA06_F4A9_41D4_DD769D8A6930.toolTip = Пробив на светлината, 2019, масло на платно, 170 x 120 см HotspotPanoramaOverlayArea_866A4168_AA06_6DA9_41AC_560409530EE3.toolTip = Енигма, 2007, масло на платно, 140 x 642 см HotspotPanoramaOverlayArea_8677C188_AA06_ED69_41A2_5D2FD0F1D64A.toolTip = Центар и маргина 3, 2010, комбинирана техника, 228 x 228 см HotspotPanoramaOverlayArea_8679441B_AA3D_AB6F_41DB_0E9D9844A203.toolTip = Од традицијата, 2006, 113 x 105 см HotspotPanoramaOverlayArea_867A2171_AA03_EDBB_41DA_F5694D9CF35D.toolTip = Енергија, 2018, масло на платно, 50 x 50 см HotspotPanoramaOverlayArea_8684A6F1_AA03_B4BB_41CC_7CCCEE61E9C6.toolTip = Од традицијата, 2019, масло на платно, 90 x 100 см HotspotPanoramaOverlayArea_8699616E_AA05_ADA9_41A6_16C85CC81FC5.toolTip = Пробив на светлината 2 20, 2020, масло на платно, 100 x 90 см HotspotPanoramaOverlayArea_86D1038B_AA02_AD6F_41D0_F7868750A9D4.toolTip = Пробив на светлината 14 19, 2019, масло на платно, 110 x 100 см HotspotPanoramaOverlayArea_86E28E87_AA1E_5767_41AB_BB5D2AA8B6E8.toolTip = Хармонија во вертикала, 2017, масло на платно, 120 x 240 см HotspotPanoramaOverlayArea_87141035_AA02_ABBB_41E1_1ED001FB0275.toolTip = Монолит IV, 1997, масло на платно, 100 x 109 см HotspotPanoramaOverlayArea_874F1400_AA03_AB59_41B3_F2526CD1ADE8.toolTip = Центар и маргина, 2010, комбинирана техника, 228 x 228 см HotspotPanoramaOverlayArea_8795AE27_AA02_D7A7_41D2_8442E01BD527.toolTip = Пирамида, 2006, комбинирана техника, 130 x 220 см HotspotPanoramaOverlayArea_87BEF3B7_AA02_6CA7_41D6_696279C2BBF9.toolTip = Случка IV, 1997, масло на платно, 100 x 109 см HotspotPanoramaOverlayArea_87D2B44D_AA05_EBEB_41E3_5513433EDBE1.toolTip = Композиција, 2002, комбинирана техника, 120 x 160 см HotspotPanoramaOverlayArea_8C02B3D2_AA06_ECF9_41C0_D2DCA2813C94.toolTip = Монолит, 1997, масло на платно, 109 x 100 см HotspotPanoramaOverlayArea_8C767A43_AA02_BFDF_41E0_5C8C4C037993.toolTip = Од традицијата 25 15, 2015, масло на платно, 100 x 100 см HotspotPanoramaOverlayArea_8F15C00F_AA07_AB67_41CE_9F3F5258CCC4.toolTip = Од традицијата, 2006, масло на платно, 146 x 114 см HotspotPanoramaOverlayArea_8FC10FC6_AA3E_D4D9_41D4_8DAD0874576E.toolTip = Рекомпонирање 2 18, 2018, масло на платно, 170 x 150 см HotspotPanoramaOverlayArea_9AFAB1BC_AA1D_ACA9_41D3_1AB6FC9C0B25.toolTip = Од традицијата 15 1, 2015, масло на платно, 80 x 80 см overlay_F8FEFBF2_D4E1_168C_41E4_CEA52E47DC73.toolTip = Клик за зголемено. ## Action ### URL LinkBehaviour_3CBD100A_1173_2589_419D_8F09022340D8.source = https://www.macedoniafromabove.mk/pelister/ LinkBehaviour_A9E44AA0_A43F_0CE2_41A1_4D9622C24AC0.source = http://www.twitter.com/loremipsum LinkBehaviour_A9E45AA0_A43F_0CE2_41D4_319D85B03589.source = http://www.loremipsum.com LinkBehaviour_A9E7BAA0_A43F_0CE2_41E2_0D96C3EAC9B7.source = http://twitter.com/loremipsum LinkBehaviour_C9842C8A_D461_129C_419F_6FBA5F8A157B.source = http://www.loremipsum.com LinkBehaviour_CA2D7D5B_D461_13BC_41DD_6A3785567D23.source = http://www.loremipsum.com